[{"id":2591087,"osm_type":"relation","type":"Feature","name":"Струмица","properties":{"name":"Струмица","link":"strumica","boundary":"administrative","admin_level":"7", "realiziran_kapitalen_budzet":12140293.00},"geometry":{"type":"MultiPolygon","coordinates":[[[[22.8067561,41.339438300000005],[22.8041635,41.3535146],[22.802907,41.355940499999996],[22.802907,41.3607919],[22.801471000000003,41.379386],[22.8014915,41.39341590000001],[22.7973824,41.4007478],[22.794977000000003,41.4028144],[22.793246999999997,41.40492449999999],[22.686828300000002,41.473739300000005],[22.680229199999996,41.4684991],[22.6706333,41.4673607],[22.663692899999997,41.4674147],[22.6534415,41.46575920000001],[22.635511,41.4649932],[22.6270829,41.4657014],[22.619355800000005,41.4714502],[22.6038399,41.47695590000001],[22.5977888,41.479168],[22.5889569,41.4817209],[22.580227899999997,41.4855049],[22.577387400000003,41.490048300000005],[22.575532899999995,41.4930144],[22.566619199999995,41.49843800000001],[22.556338,41.4979626],[22.5532918,41.4940643],[22.5525371,41.49265090000001],[22.5514821,41.490675],[22.5502455,41.488359100000004],[22.547355900000003,41.4853764],[22.544533799999996,41.4824632],[22.541942,41.47991210000001],[22.5380605,41.4760912],[22.5341258,41.47333290000001],[22.531697400000002,41.4686824],[22.526112599999998,41.46468719999999],[22.514689100000002,41.4662092],[22.5106275,41.4690628],[22.5022503,41.4692531],[22.491334499999997,41.4663994],[22.4768648,41.461642999999995],[22.470010799999997,41.456695999999994],[22.469756899999997,41.45422239999999],[22.4741533,41.4455566],[22.482276699999996,41.4367066],[22.492684699999998,41.4284265],[22.502585,41.421573200000005],[22.5095133,41.4190555],[22.514897000000005,41.417099099999994],[22.527082,41.417099099999994],[22.5346976,41.4175751],[22.5439633,41.416528],[22.5486181,41.413885199999996],[22.549423599999997,41.413427899999995],[22.5542469,41.4077156],[22.553993000000002,41.402764499999996],[22.5499313,41.396099],[22.5423157,41.3889565],[22.538888700000005,41.381622899999996],[22.538634799999997,41.377145999999996],[22.543711899999998,41.369620499999996],[22.552165400000003,41.35969449999999],[22.5568324,41.35228299999999],[22.5577299,41.342444699999994],[22.5579095,41.3379967],[22.5607653,41.337666799999994],[22.56491,41.337187899999996],[22.578552199999997,41.337187899999996],[22.5878863,41.337727099999995],[22.595640399999997,41.339612800000005],[22.598249799999994,41.3405924],[22.5997021,41.3411377],[22.6057946,41.3407565],[22.614425600000004,41.3356097],[22.624326,41.3276027],[22.624562,41.3245012],[22.624810700000005,41.321232300000005],[22.624833700000003,41.3209294],[22.632449299999998,41.319213399999995],[22.6441266,41.31940399999999],[22.645619799999995,41.31940399999999],[22.6482591,41.31940399999999],[22.652503799999998,41.31940399999999],[22.659357900000003,41.3215015],[22.662658,41.3256961],[22.668750499999998,41.3287466],[22.674589100000002,41.327983999999994],[22.678397,41.324170800000005],[22.683220199999997,41.324361499999995],[22.686520299999998,41.326077399999996],[22.692612799999996,41.33198759999999],[22.699213,41.3426626],[22.703782399999998,41.3520019],[22.705512399999996,41.35262719999999],[22.710636499999996,41.35447939999999],[22.7177444,41.35600399999999],[22.728914,41.35428879999999],[22.745922199999995,41.347237099999994],[22.765215199999997,41.3394222],[22.781399499999996,41.332539000000004],[22.788457299999997,41.32913800000001],[22.788670799999995,41.3292271],[22.788912199999995,41.3291546],[22.7894747,41.3292033],[22.789958300000002,41.32935200000001],[22.789786599999996,41.3296863],[22.7900441,41.329928],[22.790484,41.330117300000005],[22.790869400000002,41.3302023],[22.791294,41.330395300000006],[22.791985200000003,41.3303796],[22.792645099999998,41.330577],[22.7928382,41.3302426],[22.793240499999996,41.330387599999995],[22.7936597,41.330592700000004],[22.7938735,41.33092739999999],[22.793975400000004,41.331302],[22.7939486,41.33168469999999],[22.7938467,41.3322366],[22.7936589,41.332522600000004],[22.7939272,41.332587],[22.794329499999996,41.3331348],[22.794432199999996,41.3334567],[22.794731799999997,41.333791399999996],[22.7951081,41.3342542],[22.795187799999997,41.3345487],[22.795509699999997,41.33467749999999],[22.7960729,41.3346373],[22.796394799999998,41.3347138],[22.7965941,41.3350235],[22.796873,41.3352934],[22.797054600000003,41.3356886],[22.7974959,41.3354184],[22.797968000000004,41.335531200000005],[22.798418599999998,41.3358373],[22.798547399999997,41.336336800000005],[22.798547399999997,41.336755700000005],[22.7982684,41.3370457],[22.7978822,41.33728729999999],[22.7975174,41.337561199999996],[22.797538799999998,41.337947899999996],[22.7978393,41.338318400000006],[22.798332799999994,41.3385601],[22.798826299999998,41.338995100000005],[22.7990623,41.3395267],[22.7991696,41.3400584],[22.799319799999996,41.34046119999999],[22.7995559,41.3405578],[22.7998348,41.3405578],[22.8000923,41.3401873],[22.800285400000003,41.3396556],[22.8005,41.3390918],[22.801358300000004,41.3386084],[22.801872200000002,41.3386832],[22.8033486,41.3387797],[22.804190700000003,41.3387212],[22.804984700000006,41.3388662],[22.8061219,41.3392176],[22.8068408,41.338978100000006],[22.8067561,41.339438300000005]]]]}}]
356459796
[{"OpsID":69,"OpsIme":"Струмица","link":"strumica","slika":"~/sliki/69_strumica.jpg","opis":"\u003cp\u003eОпштина Струмица е најдобар пример за тоа колку е важен изборот на \u0026bdquo;првиот човек\u0026ldquo; на градот. Водена до јануари 2017 година од Зоран Заев, лидер на СДСМ, а сега веќе и премиер на Македонија, Струмица беше лидер во транспарентноста и отчетноста за планираното и направеното. По заминувањето на Заев, Општината практично не комуницира со јавноста. БИРН неколкупати испрати прашања до новиот в.д. градоначалник Костадин Костадинов, но и покрај сите обиди, не добивме одговор.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003e\u003ca href=\"http://mojotizbor.mk/images/programi2013/SDSM/strumica_zoran-zaev.pdf\" target=\"_blank\"\u003eПрограмата\u003c/a\u003e на Заев со која тргна во освојување на довербата на гласачите пред локалните избори во 2013 година има 130 страници и речиси исто толку ветувања, но тие не се систематизирани според приоритет. Фокусот е на тие што беа посочувани во јавните настапи и издвојувани во медиумските извештаи за време на изборната кампања.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003eОпштината под раководство на Зоран Заев предвидела во неговиот мандат да се потрошат 19 милиони евра при изградба на капитални објекти, а реално потрошила 12,1, или во проценти тоа е реализација од 63,5 отсто.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003eПо жител, оваа општина во овој период потрошила 213 евра во капитални инвестиции.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003e\u003cstrong\u003eПроект: 3 - 30 - 300 \u0026ndash; 3.000.\u0026nbsp;\u003c/strong\u003eПод проект 3-30-300-3.000 во програмата на тогашниот градоначалник на Струмица, Зоран Заев се ветуваат: три нови индустриски зони, триесет нови фабрики, триста нови локации за производствени погони и три илјади нови вработувања. \u0026nbsp;\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003eОва ветување на Заев е предмет на критика на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година, кои велат дека партијата на која Заев е лидер, СДСМ \u0026bdquo;не донела ниту една инвестиција\u0026ldquo;.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003eВо Струмица постои технолошка индустриска развојна зона, во која во моментов функционира фабриката \u0026bdquo;Адиент\u0026ldquo;, поранешна \u0026bdquo;Џонсон контролс\u0026ldquo;. Нема податоци дека се отворени нови индустриски зони, фабрики, локации за производствени погони и нови вработувања.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003e\u003cstrong\u003eПродолжување на гасификацијата.\u0026nbsp;\u003c/strong\u003eОпштина Струмица е една од општините во Македонија, која има гасоводна мрежа. На локалните избори во 2013 година беше ветена втора фаза од гасификацијата, односно изградба на секундарна гасоводна мрежа до сите делови на градот и во сите индустриски зони. Ветена е и гасификација на земјоделското земјиште.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003eВо отсуство на официјален одговор на Општината, од нивната интернет-страница може да се види дека во 2013 година, на гасоводната мрежа беа приклучени првите домаќинства, а во 2014 година почна гасификацијата на индустриските објекти. Во февруари 2016 година,\u0026nbsp;на сајтот на Општината е објавена вест дека во Струмица на гасоводната мрежа се приклучени над 270 субјекти, вклучувајќи ги домовите на граѓаните, објектите од јавен карактер, угостителските објекти и други градби.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003eВетувањето за проширување на гасоводната мрежа и надвор од градските средини, до фабриките и земјоделските површини во Куклиш е оставено за реализација во 2017 година. Последната јавна набавка за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Општина Струмица, со должина од максимум 6.500 метри, е направена во декември 2016 година, а договорите за изработка на проект и за надзор на градбата се склучени во јули 2017 година.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003e\u003cstrong\u003eНова подземна сообраќајница.\u0026nbsp;\u003c/strong\u003eИзградбата на нова подземна сообраќајница на потегот од улицата 24 Октомври (кај пицеријата \u0026bdquo;Бонита\u0026ldquo;) \u0026nbsp;до улицата Ванчо Китанов, ветена на локалните избори 2013 со рок за изведба до 2015 година, не е реализирана.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003e\u003cstrong\u003eИзградба на повеќенаменска хала.\u0026nbsp;\u003c/strong\u003e\u0026bdquo;Најмодерната \u0026nbsp;повеќенаменска \u0026nbsp;хала како проект ќе донесе многубројни новитети, со кои ќе се освежи и ќе се збогати целокупната понуда на Струмица,\u0026ldquo; вети Заев на изборите во 2013 година. Таа требаше да биде лоцирана на местото\u0026nbsp;на поранешната струмичка касарна и во неа требаше да се одржуваат концерти, манифестации, да содржи деловен и паркинг-простор и да претставува \u0026bdquo;нов архитектонски симбол на Струмица\u0026ldquo;. Рокот за изведба на оваа хала беше 2017 година. Во 2016 година, како реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Општината соопшти дека ветената хала не е изградена затоа што предвидената локација, поранешната касарна во градот, сѐ уште е во владение на државата, која намерно не ѝ ја отстапи на Општината, иако \u0026bdquo;сите други касарни се отстапени на локалните самоуправи\u0026ldquo;, за да ја спречи реализацијата на овој проект.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003e\u003cstrong\u003eПречистителна станица.\u0026nbsp;\u003c/strong\u003e\u0026bdquo;Во периодот 2013-2015 ќе заврши процесот на изградба на пречистителната станица, вклучително и фазата за избор и набавка на соодветна технологија за прочистување на отпадните води,\u0026ldquo; вети Заев во својата програма на локалните избори.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003eЧетири години подоцна, реализацијата на овој проект е во завршна фаза и, според најавите, станицата ќе биде пуштена во употреба во \u003ca href=\"https://www.youtube.com/watch?v=Gok5OgazfI0\" target=\"_blank\"\u003eоктомври 2017\u003c/a\u003e.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003e\u003cstrong\u003eНово Турско маало и изградба на 100 куќи.\u0026nbsp;\u003c/strong\u003eАсфалтирање улици, изградба на нови 100 куќи, нов парк и уредување на гробиштата во делот на Струмица наречен \u0026bdquo;Турско маало\u0026ldquo;, во кое граѓаните живеат во супстандардни услови беше ветено на изборите во 2013 година.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003eВо отчетот на \u003ca href=\"http://strumica.gov.mk/index.php?option=com_content\u0026amp;view=article\u0026amp;id=3382%3A2016-10-26-14-14-57\u0026amp;catid=283%3A--2016\u0026amp;lang=mk\" target=\"_blank\"\u003eЗаев за 2016\u003c/a\u003e година, тој наведува дека улиците во оваа населба, Бошко Буха и Бетовенова се асфалтирани, изградена е фекална и атмосферска канализација, околу 200 семејства се приклучени на градскиот водовод, а извршено е и хортикултурно уредување.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003eПроектот за изградба на 100 куќи е планиран во буџетот на Општината за 2016 година, но проектиран за реализација во три години до 2018 година. Првично планираната сума за 2016 од 17,8 милиони денари, во јули 2016 година се намалува на \u003ca href=\"http://www.strumica.gov.mk/downloads/ler/2016SluzbenGlasnik09.pdf\" target=\"_blank\"\u003e8,9 милиони денари\u003c/a\u003e.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003e\u003cstrong\u003eНови градинки.\u0026nbsp;\u003c/strong\u003eВетени се три нови детски градинки во селата Куклиш, Просениково и Муртино и подобрување на условите во петте детски градинки во Струмица.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003eВо 2016 година, Општината реагира на забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за неизградена градинка во Куклиш, обвинувајќи го Министерството за финансии за \u0026bdquo;бирократски процедури\u0026ldquo;, кои не овозможуваат реализација на проектот за кој се обезбедени средства од општински и од европски фондови.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003eНова градинка во Муртино не е изградена. Неа ја ветува и Груевски за време на кампањата за последните парламентарни избори. Не е изградена ниту градинка во Просениково\u0026nbsp;\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003e\u003cstrong\u003eИзградба на нов и модернизација на пазарот \u0026bdquo;Чешел\u0026ldquo;.\u0026nbsp;\u003c/strong\u003eВо Струмица има три пазари: \u0026bdquo;Глобал\u0026ldquo;, \u0026bdquo;Чешел\u0026ldquo; и \u0026bdquo;Кантон\u0026ldquo;. Нема информации дека во периодот 2013-2017 е изграден нов. Во 2015 година, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека не е извршена ниту модернизација на постојниот пазар. \u0026bdquo;Пазарот \u0027Чешел\u0027 ги има сите неопходни услови за нормално функционирање и ветувањето за негово покривање целосно ќе биде реализирано,\u0026ldquo; се вели во реакцијата на Општина Струмица. Од 2015 година до денес, нема информација, ниту јавна набавка за исполнување на ова изборно ветување.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003e\u003cstrong\u003eРасчистување и затворање на сите диви депонии во градот и во населените места.\u0026nbsp;\u003c/strong\u003eОва изборно ветување, судејќи според информациите од теренот, е далеку од исполнето. Во 2016 година, општинското претпријатие \u0026bdquo;Комуналец\u0026ldquo; испраќа апел до граѓаните на Струмица \u0026bdquo;да престанат да создаваат диви депонии, туку да се јават до комуналното претпријатие за да дојдат нашите возила и да го подигнат отпадот од пред нивните дворни места\u0026ldquo;. Апелот нема ефект бидејќи во април 2017 година, новинар на Канал 77 јавува дека се претпоставува оти во Струмичко има над сто диви депонии.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003e\u003cstrong\u003eНови булевари.\u0026nbsp;\u003c/strong\u003eВо 2013 година, Заев вети дека две улици во Струмица ќе бидат претворени во булевари. Во отчетот во 2016 година, Заев меѓу реализираните капитални проекти воопшто не ги споменува булеварите. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, Васил Пишев, во декември 2016 година, во нереализираните проекти на градоначалникот на Струмица ги вбројува и двата ветени булевари. На страната на Јавни набавки, Општина Струмица нема договор, ниту оглас за изведба на овој проект.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003e\u003cstrong\u003eПанорамско поврзување на градот со Цареви кули.\u0026nbsp;\u003c/strong\u003eПроектот Панорамско поврзување на градот со ридот над градот предвидува поврзување на Струмица со Цареви кули, со помош на модерна железничка жичница. Како рок за реализација е наведена 2017 година. Физибилити студијата за овој проект е презентирана во 2014 година, но ветеното поврзување на Струмица со овој локалитет не е реализирано.\u003c/p\u003e\r\n\u003cp\u003e\u003cstrong\u003eДоуредување на водопадите во Габрово.\u0026nbsp;\u003c/strong\u003eПроектот почна во март 2016 година. Станува збор за уредување на трите габровски водопади, кои станаа достапни и ја збогатија туристичката понуда. Поставени се летниковци, клупи, канти за отпадоци и три моста за полесен пристап до последниот и најубав водопад. Проектот е реализиран со помош на Центарот за развој на Југоисточен плански регион и е содржан и во отчетот на Заев, но и во отчетот на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите во 2016 година.\u003c/p\u003e","gradonacalnik":"в.д. Костадин Костадинов ","partija":"СДСМ","mandati":"Еден (јануари 2017 - октомври 2017)","gradonacalnik_opis":"\u003cp\u003eКостадин Костадинов е вршител на должноста градоначалник на Општина Струмица до локалните избори во 2017 година, откако од таа функција се повлече лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев. Костадинов е дипломиран економист. Бил активен во младинската организација на СДСМ, а до 2013 година бил сопственик на фирмата \u0026bdquo;Интер метал мет\u0026ldquo;. Има 27 години. Нема поднесено анкетен лист до Државната комисија за спречување корупција. \u0026nbsp;\u0026nbsp;\u0026nbsp;\u003c/p\u003e","slikaG":"~/sliki/gradonacalnici/69_kostadinov-strumica.jpg","broj_na_ziteli":56871,"vkupen_budzet":70584817.00,"realiziran_budzet":57499578.00,"udel_budzet":81.4600000000000000,"vkupen_kapitalen_budzet":19109277.00,"realiziran_kapitalen_budzet":12140293.00,"udel_kapitalen_budzet":63.5300000000000000,"udel_realiziran_kapitalen_budzet":21.1100000000000000,"realiziran_budzet_po_zitel":1011.0500000000000,"kapitalen_budzet_po_zitel":213.4700000000000,"dolg":1461837.00,"opstina":true,"id_map":2591087,"admin_level":"7"}]
[{"godina":2013,"zavrsna_eur":13433734.00,"kaprashodi_eur":4816515.00},{"godina":2014,"zavrsna_eur":14905286.00,"kaprashodi_eur":4822199.00},{"godina":2015,"zavrsna_eur":15206581.00,"kaprashodi_eur":4948420.00},{"godina":2016,"zavrsna_eur":13953977.00,"kaprashodi_eur":4522143.00}]
Општина Струмица е најдобар пример за тоа колку е важен изборот на „првиот човек“ на градот. Водена до јануари 2017 година од Зоран Заев, лидер на СДСМ, а сега веќе и премиер на Македонија, Струмица беше лидер во транспарентноста и отчетноста за планираното и направеното. По заминувањето на Заев, Општината практично не комуницира со јавноста. БИРН неколкупати испрати прашања до новиот в.д. градоначалник Костадин Костадинов, но и покрај сите обиди, не добивме одговор.
Програмата на Заев со која тргна во освојување на довербата на гласачите пред локалните избори во 2013 година има 130 страници и речиси исто толку ветувања, но тие не се систематизирани според приоритет. Фокусот е на тие што беа посочувани во јавните настапи и издвојувани во медиумските извештаи за време на изборната кампања.
Општината под раководство на Зоран Заев предвидела во неговиот мандат да се потрошат 19 милиони евра при изградба на капитални објекти, а реално потрошила 12,1, или во проценти тоа е реализација од 63,5 отсто.
По жител, оваа општина во овој период потрошила 213 евра во капитални инвестиции.
Проект: 3 - 30 - 300 – 3.000. Под проект 3-30-300-3.000 во програмата на тогашниот градоначалник на Струмица, Зоран Заев се ветуваат: три нови индустриски зони, триесет нови фабрики, триста нови локации за производствени погони и три илјади нови вработувања.
Ова ветување на Заев е предмет на критика на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година, кои велат дека партијата на која Заев е лидер, СДСМ „не донела ниту една инвестиција“.
Во Струмица постои технолошка индустриска развојна зона, во која во моментов функционира фабриката „Адиент“, поранешна „Џонсон контролс“. Нема податоци дека се отворени нови индустриски зони, фабрики, локации за производствени погони и нови вработувања.
Продолжување на гасификацијата. Општина Струмица е една од општините во Македонија, која има гасоводна мрежа. На локалните избори во 2013 година беше ветена втора фаза од гасификацијата, односно изградба на секундарна гасоводна мрежа до сите делови на градот и во сите индустриски зони. Ветена е и гасификација на земјоделското земјиште.
Во отсуство на официјален одговор на Општината, од нивната интернет-страница може да се види дека во 2013 година, на гасоводната мрежа беа приклучени првите домаќинства, а во 2014 година почна гасификацијата на индустриските објекти. Во февруари 2016 година, на сајтот на Општината е објавена вест дека во Струмица на гасоводната мрежа се приклучени над 270 субјекти, вклучувајќи ги домовите на граѓаните, објектите од јавен карактер, угостителските објекти и други градби.
Ветувањето за проширување на гасоводната мрежа и надвор од градските средини, до фабриките и земјоделските површини во Куклиш е оставено за реализација во 2017 година. Последната јавна набавка за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Општина Струмица, со должина од максимум 6.500 метри, е направена во декември 2016 година, а договорите за изработка на проект и за надзор на градбата се склучени во јули 2017 година.
Нова подземна сообраќајница. Изградбата на нова подземна сообраќајница на потегот од улицата 24 Октомври (кај пицеријата „Бонита“) до улицата Ванчо Китанов, ветена на локалните избори 2013 со рок за изведба до 2015 година, не е реализирана.
Изградба на повеќенаменска хала. „Најмодерната повеќенаменска хала како проект ќе донесе многубројни новитети, со кои ќе се освежи и ќе се збогати целокупната понуда на Струмица,“ вети Заев на изборите во 2013 година. Таа требаше да биде лоцирана на местото на поранешната струмичка касарна и во неа требаше да се одржуваат концерти, манифестации, да содржи деловен и паркинг-простор и да претставува „нов архитектонски симбол на Струмица“. Рокот за изведба на оваа хала беше 2017 година. Во 2016 година, како реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Општината соопшти дека ветената хала не е изградена затоа што предвидената локација, поранешната касарна во градот, сѐ уште е во владение на државата, која намерно не ѝ ја отстапи на Општината, иако „сите други касарни се отстапени на локалните самоуправи“, за да ја спречи реализацијата на овој проект.
Пречистителна станица. „Во периодот 2013-2015 ќе заврши процесот на изградба на пречистителната станица, вклучително и фазата за избор и набавка на соодветна технологија за прочистување на отпадните води,“ вети Заев во својата програма на локалните избори.
Четири години подоцна, реализацијата на овој проект е во завршна фаза и, според најавите, станицата ќе биде пуштена во употреба во октомври 2017.
Ново Турско маало и изградба на 100 куќи. Асфалтирање улици, изградба на нови 100 куќи, нов парк и уредување на гробиштата во делот на Струмица наречен „Турско маало“, во кое граѓаните живеат во супстандардни услови беше ветено на изборите во 2013 година.
Во отчетот на Заев за 2016 година, тој наведува дека улиците во оваа населба, Бошко Буха и Бетовенова се асфалтирани, изградена е фекална и атмосферска канализација, околу 200 семејства се приклучени на градскиот водовод, а извршено е и хортикултурно уредување.
Проектот за изградба на 100 куќи е планиран во буџетот на Општината за 2016 година, но проектиран за реализација во три години до 2018 година. Првично планираната сума за 2016 од 17,8 милиони денари, во јули 2016 година се намалува на 8,9 милиони денари.
Нови градинки. Ветени се три нови детски градинки во селата Куклиш, Просениково и Муртино и подобрување на условите во петте детски градинки во Струмица.
Во 2016 година, Општината реагира на забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за неизградена градинка во Куклиш, обвинувајќи го Министерството за финансии за „бирократски процедури“, кои не овозможуваат реализација на проектот за кој се обезбедени средства од општински и од европски фондови.
Нова градинка во Муртино не е изградена. Неа ја ветува и Груевски за време на кампањата за последните парламентарни избори. Не е изградена ниту градинка во Просениково
Изградба на нов и модернизација на пазарот „Чешел“. Во Струмица има три пазари: „Глобал“, „Чешел“ и „Кантон“. Нема информации дека во периодот 2013-2017 е изграден нов. Во 2015 година, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека не е извршена ниту модернизација на постојниот пазар. „Пазарот 'Чешел' ги има сите неопходни услови за нормално функционирање и ветувањето за негово покривање целосно ќе биде реализирано,“ се вели во реакцијата на Општина Струмица. Од 2015 година до денес, нема информација, ниту јавна набавка за исполнување на ова изборно ветување.
Расчистување и затворање на сите диви депонии во градот и во населените места. Ова изборно ветување, судејќи според информациите од теренот, е далеку од исполнето. Во 2016 година, општинското претпријатие „Комуналец“ испраќа апел до граѓаните на Струмица „да престанат да создаваат диви депонии, туку да се јават до комуналното претпријатие за да дојдат нашите возила и да го подигнат отпадот од пред нивните дворни места“. Апелот нема ефект бидејќи во април 2017 година, новинар на Канал 77 јавува дека се претпоставува оти во Струмичко има над сто диви депонии.
Нови булевари. Во 2013 година, Заев вети дека две улици во Струмица ќе бидат претворени во булевари. Во отчетот во 2016 година, Заев меѓу реализираните капитални проекти воопшто не ги споменува булеварите. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, Васил Пишев, во декември 2016 година, во нереализираните проекти на градоначалникот на Струмица ги вбројува и двата ветени булевари. На страната на Јавни набавки, Општина Струмица нема договор, ниту оглас за изведба на овој проект.
Панорамско поврзување на градот со Цареви кули. Проектот Панорамско поврзување на градот со ридот над градот предвидува поврзување на Струмица со Цареви кули, со помош на модерна железничка жичница. Како рок за реализација е наведена 2017 година. Физибилити студијата за овој проект е презентирана во 2014 година, но ветеното поврзување на Струмица со овој локалитет не е реализирано.
Доуредување на водопадите во Габрово. Проектот почна во март 2016 година. Станува збор за уредување на трите габровски водопади, кои станаа достапни и ја збогатија туристичката понуда. Поставени се летниковци, клупи, канти за отпадоци и три моста за полесен пристап до последниот и најубав водопад. Проектот е реализиран со помош на Центарот за развој на Југоисточен плански регион и е содржан и во отчетот на Заев, но и во отчетот на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите во 2016 година.
Вкупен буџет на општината (2013—2016)
Буџет за капитални инвестиции (2013—2016)
Други општини