Зијадин Села, како кандидат за градоначалник, нема објавена програма со која ја добил поддршката на граѓаните. Таквата програма не може да се најде на страницата на ДПА, ниту на новото Движење за реформи.

Дел од неговите приоритети може да се извлечат од говорите на митинзите со граѓаните на Струга. Специфично за Села е што во најголемиот дел од митинзите тој не зборува за решавање на локалните проблеми на граѓаните, кои се и изворни надлежности на Општината, туку за идејата Струга да има албански градоначалник и да биде албанска.

Меѓутоа, на некои од тие митинзи, покрај главните пораки за обединување на албанскиот глас во Струга, Села дава и по некое ветување за решавање на локалните проблеми на градот и ветува изградба на патна инфраструктура и канализации, обезбедување вода за пиење за целата Општина, ослободување на јавните простории од паркинзи и враќање на узурпираните плажи на граѓаните.

Ниту Села, ниту претставниците на Општината не одговорија на барањата на БИРН за информации за реализација на ветените проекти.

Од потрошените средства, во рамки на општинските буџети во периодот 2013-2016 година, само 6,7 проценти отишле на изградба на капитални објекти, покажува анализата на БИРН на проектираните и реализираните буџети на оваа локална самоуправа.

Реконструкцијата на шеталиштето и плоштадот. За градот Струга, најмногу внимание, Села има посветено на реконструкцијата на шеталиштето покрај реката Дрим, на реконструкцијата на двата моста, дрвениот и главниот мост, пополнување на дупките на улиците во градот, изградба на едно училиште и градинка.

Нема решение за водата за пиење. Села не успеал да направи многу за подобрувањето на снабдувањето со вода за пиење. Во летниот период имало жалби од граѓаните дека притисокот на водата за пиење е многу слаб, но не успеавме да најдеме каква било информација дека Општината го адресирала тоа прашање. Освен слабиот притисок, во 2015 година, во струшките села, водата за пиење била загадена, јавија медиумите.

Изградба на локални патишта. Во врска со проектите на Села реализирани во струшките села, може да се напоменат асфалтирање на локалните патишта, како што се патиштата во: Франгово, Ладовиште, Заграчани, Горни и Долни Татеш, Добовјане, Делогожде, Корошиште, Мислешево, Мислодежда и други.

Проблеми со депонијата. Струга нема решение за локалната депонија, која годинава беше запалена и стана извор на загадување во регионот.  За решавање на проблемот со непрописното одлагање на комуналниот отпад се очекува финансиска  поддршка од ИПА фондовите.

Вкупен буџет на општината (2013—2016)

Планиран буџет

55.515.825

Реализиран буџет

45.578.495

Буџет за капитални инвестиции (2013—2016)

Планиран буџет

7.072.309

Реализиран буџет

3.038.569

Задолженост на општината

3.580.896

Реализирани капитални инвестиции по жител

46

Други општини