Во изборната програма за локалните избори во 2013 година, Исмаил Јахоски ветува реализација на инфраструктурни проекти, кои ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните. Ветил изградба на општинска зграда и амбуланта, како и три проекти за подобрување на снабдување со вода за пиење.

Пласница има официјална веб-страница, на која нема ниту една информација за работата на Општината и на градоначалникот.

И оваа Општина не одговори на прашањата на БИРН, во врска со реализираните приоритетни проекти на градоначалникот Јахоски.

Според планираниот буџет за 2013 – 2016 година, Пласница требало да инвестира 2 милиони евра во изградба на капитални објекти, а реализирани се нешто над 670 илјади евра.

Општината е во банкрот поради тоа што општинската сметка од 2010 година е блокирана. Општината должи 28 милиони денари на фирма за изградба на локален пат. Градоначалникот Јахоски се правда дека парите за патот биле обезбедени, а потоа со решение биле повлечени.

Поради блокираната сметка, Пласница не е влезена во втората фаза на фискалната децентрализација.

Изградба на општинска зграда и на амбуланта. Во изборната програма, рокот за изградба на општинска зграда и на амбуланта е 2014, односно 2015 година. За изградба на зградата требаше да се обезбедат 30 милиони денари, а за амбулантата нешто над 5 милиони денари. Оптинската зграда е изградена во 2015 со помош на турската агенција за меѓународна соработка и координација -ТИКА . Нема информации за изградена амбуланта во Пласница.

Изградба на пумпна станица за вода. Јахоски најавил три проекти за подобрување на снабдувањето со чиста вода за пиење за Пласница, но ниту еден не е реализиран. Во програмата на градоначалникот беше предвидено да се гради пумпна станица во изворот Питра. За тоа биле потребни 52 милиони денари, со рок на реализација до 2016 година. Не е изградена ниту станицата за прочистување вода, која требаше да се изгради до 2015 година. Не се направени ниту реконструкциите на водоводите во Општината, за што биле предвидени околу 14 милиони евра.

Поради неможност да се интервенира во реконструкцијата на водоводите во селата, дошло до сериозно загадување на водата. СДСМ лани ги обвини градоначалникот Јахоски и централната власт дека свесно го криеле податокот дека жителите на Пласница пијат загадена вода. Аднан Џаферовски, член на Извршниот одбор на СДСМ, изјави дека ова е скандал, со што е доведено во прашање здравјето на над 5 илјади жители.

„Водата не е здравствено исправна поради наод на бактерии од цревно потекло, како и зголемена матнотија и присуство на органски материи и не смее да се користи за пиење“, изјавил Џаферовски.

Тој презентираше извештај од тестирањето на Центарот за јавно здравје од Прилеп, а притоа никој не бил известен дека водата не е за пиење.

Вкупен буџет на општината (2013—2016)

Планиран буџет

3.210.991

Реализиран буџет

1.409.875

Буџет за капитални инвестиции (2013—2016)

Планиран буџет

2.091.626

Реализиран буџет

673.827

Задолженост на општината

377.438

Реализирани капитални инвестиции по жител

138

Други општини